Connect with us

Ракомет

Лоши вести од ЕХФ, на Вардар ќе му биде забрането да игра во Лигата на шампионите

Лоши вести за македонскиот ракомет доаѓаат од Келн. Како што неофицијално дознава Balkan-Handball.com, Европската ракометна федерација донела одлука да му забрани на македонскиот шампион скопски Вардар да настапува во Лигата на шампионите на ЕХФ во сезоната 2022/2023.

Причина за ваквата одлука е нерасчистената финансиска состојба, која го доведе во прашање настапот на двократниот освојувач на Лигата на шампионите на ЕХФ од 2017 и 2019 година и минатата сезона, но ЕХФ тогаш му прогледа низ прсти на тимот од сала „Јане Сандански“ .

Официјалната одлука се очекува до крајот на неделата. ППД Загреб и Целје Пивоварна Лашко се пријавија за вајлд-карта од областа Екс-ју.

Реклама

Facebook