Connect with us

Фудбал

Лоши вести за Конте, напаѓачот се повреди, крај на првиот дел од сезоната

Напаѓачот на Интер Алексис Санчез би можел да отсуствува од терените повеќе од два месеци поради повреда на тетивара и лигаментите на скочниот зглоб. Чилеанецот се повреди на пријателскиот меч против Колумбија, откако беше згазна од страна на фудбалерот на Јувентус, Хуан Квадрадо.

Санчез ќе се врати во Италија, каде лекарите по деталните прегледи ќе одлучат за понатамошното лекување, а би можел и да оди на операција.

Претпоставките се дека паузата ќе биде најмалку два месеци, што значи дека натпреварувачката година за него заврши.

Санчез е на позајмица во Интер од Манчестер Јунајтед. Оваа сезона одигра четири меча и постигна еден гол.