Connect with us

Ракомет

Лоши вести за Македонија, „бомбардерот“ на Египет вечерва се враќа во составот

Најдобриот ракометар на селекцијата на Египет, Ахмед Ал-Ахмар, кој поради болки во грбот го пропушти мечот против Чиле на отворањето на Мундијалот, вечерва ќе биде во составот против  Македонија. Ова се добри вести за домаќинот, но секако лоши за селекторот на Македонија, Брестовац.

Дуелот започнува во 18:00 часот, а на нашата селекција и треба победа и подобрување на впечатокот од поразот против Шведска.