Connect with us

Ракомет

Лоши вести за Вардар: Поради позитивен играч на КОВИД-19, македонскиот првак најверојатно нема да игра на Ф4 во СЕХА

Лоши вести доаѓаат за македонскиот ракометен првак Вардар.

И покрај обезбедувањето на учество на „Фајнал фор“ турнирот во СЕХА-лигата, РК Вардар нема да игра на завршницата во Задар, објавија повеќе медиуми. Причината е позитивен играч на коронавирус.

Од клубот се уште нема официјална потврда за ваквиот развој на настаните по вчерашниот реванш во Загреб и изборениот Ф4.

Ниту СЕХА-лигата не излезе со официјално соопштение.

Се појавија гласини дека организаторите на турнирот не им дозволиле на „црвено-црните“ да настапат со другите играчи кои имаат негативни ПЦР тестови.

Вардар на 3 септември во Задар, во полуфиналето требаше да игра со белоруски Мешков Брест.