Connect with us

Фудбал

ЛШ: Челзи гостува кај Рома, ЦСКА-Базел играат за второто место

Денес се игра 4то коло од лигата на шампионите со натпревари од групите А-Д.

Во А конкуренцијата Базел ја пречекува московска ЦСКА, а Манчестер Јунајтед е домаќин на Бенфика. Селтик – Баерн и Пари Сен Жермен – Андерлехт се двојките во Б групата.

Во Ц конкуренцијата Атлетико Мадрид се среќава со Карабах, а во дербито на вечерта Рома за противник го има Челзи.

И во Д групата Спортинг Лисабон на нашиот репрезентативец Стефан Ристовски се соочува со Јувентус додека Барселона му гостува на Олимпијакос.