Ракомет
ЛШ: Вардар го совлада европскиот првак Монпелје на негов терен
Со мали падови во играта во текот на целиот меч, ракометарите на Вардар со триумф и тоа кај европскиот првак успеа да ја отвори овогодинешната сезона во Лигата на шампионите.
Монпеље на крајот беше совладан со 24:27, а на полувремето Вардарци имаа само еден гол предност.
Вардарци на стартот на вториот дел направија солидна предност од плус три, а потоа францускиот тим стигна до израмнување, па дури успеа и да поведе. Меѓутоа следуваше нова серија на „црвено-црните“ со кои стигнаа до плус четири, со кои веќе беше јасно дека победата ќе замине во Скопје.
Најефикасен ракометар беше Вуко Борозан со 8 погодоци, додека на голот се истакна Милосављев кој имаше 15 успешни интервенции.
Извор: ТВ21