Фудбал
Луда идеја на Интер: Барса, го сакате Лаутаро? Дајте ни го Гризман
Барселона веќе подолго време се обидува да најде начин како во своите редови да го донесе Лаутаро Мартинез кој има одлична сезона во дресот на Интер. Неговата откупна клаузула во моментов во договорот е 111 милиони евра. Каталонскиот тим нудеше фудбалери во размена и одредена сума на пари, но Интер не се откажува така лесно од напаѓачот.
Сега италијанскиот тим има луда идеја. Според угледниот италијански весник Газета дело Спорт, „Нероаурите“ порачале на Барселона, ако го сакате Мартинез пратете го во Милано Антоан Гризман.
Французинот по доаѓањето од Атлетико Мадрид во Барселона, игра солидно, но никако да ги покаже квалитетите од времето на „Јорганџиите“.