Ракомет
Луда завршница, Македонија прокоцка +7, Скопје во недела ќе “гори”
Патникот на СП во ракомет од двомечот Чешка-Македонија ќе се решава во Скопје. Вечерва во Злин, Македонија прокоцка +7 водство, а во луда завршница во последниот напад Чешка израмни на 24:24, што беше конечен резултат.
Најдобар кај Македонија беше Филип Талески со пет постигнати голови, Лазаров и Гоце Георгиевски дадоа по четири, Кузмановски и Стоиов постигнаа три, додека Никола Митревски имаше 11 одбрани. Во редовите на Чешка, по пет гола дадоа Хрштка и Клима, а на голот одличен беше Мрква со 18 одбрани.
Реваншот се игра во недела во Скопје со почеток во 19 часот.