Connect with us

Фудбал

Луди сцени од Италија, 19-годишен фудбалер украл автомобил на соиграч и во филмска потера бегал од полицијата

Италијанскиот фудбалски второлигаш Зудтирол го отпушти талентираниот 19-годишен играч Амни Мутасим поради неверојатна причина. Заедно со двајца пријатели Мутасиме го украл автомобилот на еден од соиграчите, по што следела филмска полициска потера. Како што пренесува Tuttomercatoweb повикувајќи се на TGR Rai Alto Adige, тој возел со брзина од над 100 km/h во центарот на градот, а кога полицијата го запрела, бил пронајден без возачка дозвола.

Клубот реши да му врачи отказ, но тоа не е најлошото нешто што му се случило бидејќи ќе мора да одговара пред властите за кражба на автомобил и бегање од полиција. 19-годишниот фудбалер ја започна својата кариера во младинскиот тим на Фрајбург пред да пристигне во Зидтирол минатото лето, но сега мораше да го напушти клубот. За Судтирол одигра 14 натпревари и постигна три гола со асистенција.