Connect with us

Тајмаут

Лудило! Се влечат и трчаат за сирење, а може и да загинат: Англичаните продолжуваат со лудата традиција стара 200 години (ВИДЕО)

Традиционалната „Трка на сирење Купершил“ се одржа на 29 мај во Велика Британија.

Трката за сирење

Една од трките ја доби девојка која по пад заврши во несвест.

Суштината на натпреварот е да се помине целната линија , следејќи ја главата од сирење што се тркала по ридот, а должината на трката е околу 180 метри. Првата трка се одржа во 1826 година.

Годинава победници беа претставници на Англија, САД, Канада и Јапонија. Британецот Крис Андерсон го држи рекордот на трката Купершил со 23 победи.

Трката за сирење

Трката се одржа на имот во близина на Глостер, Англија. Според пишувањата на англиските медиуми, годинава не интервенирале ниту полицијата, ниту медицинските екипи.

Поради стрмнината и нерамната површина на Куперовиот рид, вообичаено секоја година има бројни повреди. Во 1993 година, петнаесет лица беа повредени, четворица потешко. Трката не се одржа во 2009 година поради несигурност, но следните локални жители решија да ја обноват традицијата.

Facebook