Connect with us

Фудбал

Лудило во Австралија – фудбалер со скршена нога чека брза помош 15 минути

Имаше многу непријатни сцени за време на спектакуларното реми 3-3 меѓу Мелбурн Сити и Аделаида во натпревар од австралиската лига.

Кошмарната ситуација за сите на стадионот дојде во вторите 45 минути кога гостинскиот ас Хуанде ја скрши десната нога по сударот со Флорин Ференгер. Некои од играчите на теренот не можеа да ги задржат солзите од страшната глетка, а повредената нога на Шпанецот беше покриена со бел чаршаф.

Лекарите интервенирале и направиле се што можеле, но требало да се чека брза помош околу 15 минути.

Тоа е затоа што според најновите прописи од 2018 година, клубовите во државата Викторија не се обврзани да обезбедуваат брза помош за време на нивните домашни натпревари. Неопходно е да има болничари за итни ситуации како оваа.

На крајот дошла брзата помош и фудбалерот бил итно пренесен во најблиската болница. Веднаш имаше повици за укинување на промените од 2018 година и за сите тимови од А-лигата да се бара да обезбедат брза помош на нивните натпревари.