Фудбал
Лудогорец го има најнискиот, Копенхаген највисокиот тим во Европа
Со просечен раст на фудбаелрите од 176,98 сантиметри, екипата на Лудогорец е најниската во Европа, пресмета швајцарската опсерваторија „CIES“. Во категоријата најниски екипи, во ТОП 10 се наоѓа уште еден тим од Бугарија. Тоа е Ботев со просечна висина 178.59 см.
На втората позиција е ЦД Леонеса (Шпанија) со 178,27, трета е Жилина (Словачка) со 178.51 см, четврти е АЕК (Кипар) со 178.54 см. Селта (Шпанија) е шеста (178.63 сантиметри). Лидерот во Премие лигата, тимот на Манчестер Сити е 10-ти со просек 178,97 см.
Во категоријата највисоки екипи прво рангиран е Копенхаген. Данците се со среден раст 186.2 см. Следуваат полскиот Краков (186.16 сантиметри) и Шалке 04 (186.15 см).
Опфатени за анализа беа 36 европски лиги, меѓу нив не беше Првата македонска фудбалска лига.