Connect with us

Кошарка

Лук Волтон и покрај се останува во Лејкерс

Шеснаесеткратниот  НБА шампион, екипата на Лос Анџелес Лејкерс, има лош старт на новата сезона и покрај доаѓањето на еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс. Поради тоа се погласни беа шпекулациите дека „езерциите“ ќе го променат тренерот, но претседателот на клубот, Мајкл Џексон, истакна дека Лук Волтон не треба да се грижи, односно местото се уште му е загарантирано.

Лејкерс не беше ниту достоен ривал на последниот НБА натпревар против Торонто, бидејќи уште по првата четвртина тимот од „градот на ангелите“ губеше со 42:17. На крајот, „репторси“ запишаа лесна победа на гостувањето во „Стејпл центарот“ од 121:107.

  • Нема да го отпуштиме Волтон. Состанокот по натпреварот не беше поради тоа, туку како да играме подобро. Тој е наш тренер и ќе го поддржиме во работата. Ја имаме најлошата одбрана и мора да се консолидираме околу овој проблем. Но, едно е јасно, Лук ќе остане во тимот до крајот на сезоната, освен ако не се случи нешто неочекувано. Затоа мора да почнеме да победуваме, изјави Меџик.

Лејкерс моментно игра многу лошо, а за тоа најдобро говори фактот од последниот натпревар, односно никогаш во историјата на НБА лигата не губеле по првите 12 минути со 24 разлика. „Езерџиите“ моментно имаат скор од четири победи и шест порази.

Резултати: Милвоки – Сакраменто 144:109, Бруклин – Филаделфија 122:97, Вашингтон – Њујорк 108:95, Сан Антонио – Орландо 110:117, Феникс – Мемфис 102:100, Портланд – Минесота 111:81, ЛА Лејкерс – Торонто 107:121.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Кошарка

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com