Connect with us

Кошарка

Лука Дончиќ добил корпа од Галата

Поранешниот кошаркар на Црвена звезда, Марко Миличевиќ, во интервју за српските медиуми откри неколку детали за кошаркарот на Далас, Словенецот Лука Дончиќ. Тој оваа сезона замина во силната НБА лигата од редовите на шпански Реал Мадрид, каде бележи импресивни партии. Сепак, има и такви кои не му предвидувале голема кариера.

Словенецот на 13 години бил на проба во Галатасарај, меѓутоа таму направиле голема грешка.

  • Кога со пријателите го однесов Лука во Галатасарај, ме прашаа што правам со ова дете кај нив? Потоа му кажав на татко му Саша дека и подобро што не го примија, бидејќи планирам да го водам во Реал (М) и тоа кај мојот другар Алберт Ерерос, со кој играв порано. Ерерос ми кажа дека никогаш не видел некој со талент каков што има Лука. Останатото го знаете и нема потреба да се фалам, зашто кога не играм, тука сум да помогнам на младите кошаркари, откри Миличевиќ.