Connect with us

Кошарка

Лука Дончиќ избран за најдобар кошаркар во Шпанија

Сповенецот Лука Дончиќ е избран за најкорисен играч на шпанскиот кошаркарски шампионот, со што стана најмладиот МВП играч во историјата на АЦБ лигата.

Ова е втора индивидуално признание за Дончиќ годинава, откако беше прогласен и за најкорисен играч во Евролигата на Ф4 турнирот во Белград.

Дончиќ го доби признанието најкорисен играч во AЦБ лигата, каде што постигнуваше во просек 12,8 поени, 5,7 асистенции и 5 скокови по натпревар. Дончиќ во просек имаше индекс на корисност од 19,3.

Тој со своите 19 години, два месеци и 28 дена е најмладиот добитник на ова признание.

Претходниот најмлад добитник на оваа награда исто така доаѓа од Балканот. Станува збор за Црногорецот Никола Миротиќ, кој стана МВП на возраст од 22 години.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Кошарка

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com