Фудбал
Лука Јовиќ: Не избегав од карантин, добив дозвола од Реал Мадрид да заминам
Лука Јовиќ е на удар на српската јавност, бидејќи одлучил од Мадрид да дојде во Белград во услови кога во Шпанија рапидно расте бројот на заразени со коронавирус, а како што е познато целиот тим на Реал Мадрид беше во карантин бидејќи кај кошаркарската екипа, еден член бил позитивен на коронавирус.
Српските власи порачаа дека ќе му поднесат кривична пријава на Јовиќ бидејќи не ги почитувал препораките на српските власти.

По неговиот татко, се огласи и самиот Јовиќ.
-Минатиот четврток, шефот на медицинскиот тим на Реал Мадрид му даде дозвола на Лука Јовиќ да отпатува во Србија (на лично медицинско барање) и да биде во карантин во својот дом, објави Лука Јовиќ на социјалните мрежи постирајќи фотографија како влегува во авион.
Претходно медиумите во Србија објавија дека фудбалерот одлучил да избега од карантин во Мадрид поради роденденот на неговата девојка Софија Милошевиќ.