Connect with us

Фудбал

Лукаку и Мартинез ја „разбија“ Славија во вториот дел, Барса без поголеми проблеми со Борусија

Супер интересен меч одиграа Славија Прага и Интер, а на крајот тимот од Милано славеше и замина со три бода, кои го оставија во игра за пласман во нокаут фазата.

Имаше од се по нешто. Четири гола, пенал, поништени два погодоци на Интер, стативи и пречки.

Поведоа гостите со 1:0 со голот на Лутаро Мартинез во 19.минута на асистенција на Лукаку.

Улогите во 35.минута се сменија. Лутаро асистира, Лукаку погодува за 2:0. Сепак, една минута подоцна голот е поништен. Откако судијата ја прегледа ВАР снимката, одлучи да го поништи голот и на спротивната страна оправдано да покаже на белата точка бидејќи Де Врај стартуваше врз Олајинка.

Сигурен реализатор на пеналот беше Соучек во 37.минута.

Во второто полувреме Лукаку ја погоди стативата, Брозовиќ пречката, а на спротивната страна Хандановиќ во два три наврати спасуваше, бранејќи „зицери“.

Сепак во 81.минута Лукаку користи грешка на одбраната и погодува за 1:2. Во 88.минута Белгиецот му асистира на Мартинез, кој со волеј удар постигна прекрасен гол за 1:3.

Лукаку постигна уште еден гол во судиското продолжение, но повторно беше поништен, овој пат поради офсајд.

Барселона одигра фуриозни 45 минути на домашен терен против Борусија Дортмунд. Во фокусот беше напаѓачкиот тандем Суарез-Меси. Двајцата запишаа по еден гол и една асистенција за водство од 2:0.

Прво Меси му асистираше на Суарез за 1:0, а потоа во обратна улога, погодија за 2:0. Во второто полувреме Гризман зголеми на 3:0 во 67.минута, а почесниот погодок за гостите го постигна Санчо во 77.минута.

Во последното коло Борусија игра против Славија Прага, а Интер е домаќин на Барселона. Каталонците обезбедија пласман во следната рунда, додека Интер ќе мора да победи против Барселона доколку сака да ги продолжи натпреварите. Во спротивно, доколку Борусија Победи, а во Милано биде реми или Барса победи, тогаш Германците одат понатаму.

ГРУПА Ф:

БАРСЕЛОНА – БОРУСИЈА ДОРТМУНД 3:1

Суарез 29’, Меси 33’, Гризман 67’ – Санчо 77’

СЛАВИЈА ПРАГА – ИНТЕР 1:3

Соучек 37’ (п) – Мартинез 19’, 88’, Лукаку 81’

Табела: Барселона 11, Интер 7, Борусија Дортмунд 7, Славија Прага 2.