Connect with us

Фудбал

Лукаку постигна гол па си впери „пиштол“ во главата-Шокантна прослава поради милиони мртви и молкот за тоа! (ВИДЕО)

Во реприза на финалето на Конференциската лига од минатата сезона, сега се сретнаа Феенорд и Рома во осминафиналето на Лига Европа и повторно беше тесно. По водството на Феенорд, Ромелу Лукаку израмни во 67. минута, а потоа стави „пиштол“ на глава! Се разбира, не е вистински пиштол, но тој ја стави раката на устата, а потоа со прстите гестикулираше на цевката од пиштолот притиснато врз неговата слепоочница.

Тој всушност ги копираше претставниците на Демократска Република Конго, тимот кој годинава стигна до полуфиналето на Африканскиот куп на нации. На овој начин претставниците на таа земја едногласно застанаа пред почетокот на полуфиналната пресметка со Брегот на Слоновата Коска и на тој начин се обидоа да привлечат барем малку внимание за се што се случува во оваа земја во последните 30 години.

Лукаку не го заборава своето потекло, а на социјалните мрежи објави порака: „Стоп за геноцид“ и апелираше да се обрне внимание на 6.000.000 загинати и 6.000.000 раселени во претходните неколку децении граѓанска војна во Конго.