Фудбал
Лукаку си ја отвори душата, познато е зошто морал да замине од „Олд Трафорд“
Ромелу Лукаку изјави дека немал сила да остане во Манчестер Јунајтед и покрај тоа што тренерот Оле Гунар Солскјер сакал да го задржи на „Олд Трафорд“. Лукаку во август минатата година од Јунајтед се пресели во Интер, а многумина го ктирикуваа поради слабите игри.
-На сите може да им се случи една лоша година. Но, за мене тоа беше крај. Знаејќи што се случи во клубот, внатре, тоа беше крај. Ситуацијата беше тешка и морав да донесам одлука да заминам некаде каде што би напредувал и да работам со некој кој сака да работи со мене, изјави Лукаку, а пренесува „Скај“.
Лукаку воедно изјави дека многу се двоумел околу тоа каде да ја продолжи кариерата, Интер или Јувентус, но клучното било тоа што сакал да работи со Антонио Конте.
-Беше тесно. Беше навистина тесно, но секогаш размислував за Интер и тренерот. Уште како дете Интер беше мојот клуб во Италија. Го следев примерот на Андријано и Роналдо. Кога ме контактираше Интер, клубот и тренерот Конте, кој своевремено сакаше да ме ангажира во Челзи и Јувентус, помислив дека е вистинско време да заминам таму и да работам напорно, вели Лукау.
Лукаку е во карантин, поради коронавирусот, па не може да го види синот и неговата мајка која е дијабетичар, поради што многу му паѓа тешко.