Тајмаут
ЛУКСУЗ! Вака изгледа патувањето на играчите во Саудиска Арабија! (ВИДЕО)
Напаѓачот на Ал Хилал, Одион Игало, поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, на својот Инстаграм профил објави видео од авионот со кој неговиот клуб патува на гостински терен во тамошното првенство.
На фановите на Игало на социјалната мрежа им покажа во каков луксуз уживаат фубалерите. Станува збор за авион Боинг 747-400, кој клупските челници го изнајмуваат кога играчите заминуваат на гости.
Ал Хилал минатата сезона заврши на третото место во лигата, а е еден од најголемите клубови во Саудиска Арабија, па јасно е дека играчите имаат најдобри услови. Можат да спијат во авион, да се дружат, да играат игри на табла, да гледаат филмови…
Се споменува дека на тимот наскоро ќе му се приклучи Калид Кулибали кој пристигнува од Челзи. „Сините“ од Стемфорд Бриџ очекуваат обештетување од околу 50 милиони евра, додека играчот за три години може да заработи 75 милиони евра. Португалскиот фудбалер Рубен Невес неодамна и официјално стана член на Ал Хилал, а англискиот премиерлигаш доби 55 милиони евра обештетување.
Тие веројатно нема да бидат последните играчи кои летово ќе напуштат некој европски клуб и ќе го облечат дресот на Ал Хилал.