Фудбал
Љумберг привремено, Анчелоти, Алегри или Нуно како конечно решение
Легендата на Арсенал Фреди Љумберг ќе биде привремено решение за клупата на „Топџиите“, откако утрово Унаи Емери заработи отказ.
Сепак, според сите информации од Англија, без разлика како ќе се покаже тој, неговиот ангажман ќе аврши кога ќе биде ангажиран нов тренер.
Карло Анчелоти, кој изјави дека не планира да замине од Наполи, Масимилиано Алегри, но и тренерот на Вулверхемптон Нуно Еспирито Санто се спомнуваат како конечно решение.
Одредени медиуми имаат и подолги листи, на кои се наоѓаат Покетино, Рафа Бенитез, па и Патрик Вјера.
Сепак, поголемиот дел од медиумите велат дека фаворит е Масимилијано Алегри, кој се подалеку е до договор со Манчестер Јунајтед, бидејќи очекуваше да го замени Солсјкер до крајот на годината, а тој пак ја доби довербата од раководството.