Connect with us

Фудбал

Мадрид на нозе: Стигна новата ѕвезда на Реал!

Вечерва од 19 часот на Сантијаго Бернабе ќе се одржи презентацијата на Еден Азар во дресот на неговиот нов клуб Реал Мадрид.

Пред неколку часа тој веќе пристигна во шпанската престолнина и во моментов ги одработува медицинските прегледи во клупската болница. Нешто подоцна официјално ќе го потпише договорот по што ќе излезе пред навивачите на Реал за кои вратите на стадионот ќе бидат отворени од 18 часот.

Се очекува добра посета, но далеку од она што се случуваше пред 10 години кога Кристијано Роналдо го пречекаа 80 илјади, а Кака 65 илјади навивачи.

Извор: Sportclub.mk