Connect with us

Кошарка

Маестрален трипл-дабл ефект на Леброн, но потоа следуваше пораз (ВИДЕО)

Екипата на Лос Анџелес лејкерс го претрпе четвртиот пораз на последните пет натпревари во НБА лигата. Подобри од Лејкерс ноќеска беа кошаркарите на Атланта и покрај трипл-даблот на Леброн Џејмс кој дуелот го заврши со 28 поени, 11 скокови и 16 асистенции.

По овој пораз „езерџиите“ уште повеќе се оддалечија од осмата позиција во Западната конференција која обезбедува учество во разигрувањето за титулата. Сега се на биланс 28 победи и 29 порази.

Резултати на натпреварите од НБА лигата играни ноќта вторник кон среда:
Атланта – ЛА лејкерс 117:113
Мемфис – Сан Антонио 107:108
Њу Орлеанс – Орландо 88:118
Филаделфија – Бостон 109:112
Голден стејт – Јута 115:108.

Пласман Западна конференција: Голден стејт 41-15 (победи-порази), Денвер 38-18, Оклахома 37-19, Портланд 33-23, Хјустон 33-23,…

Пласман источна конференција: Милвоки 42-14, Торонто 42-16, Индијана 38-19, Бостон 36-21, Филаделфија 36-21,… (МИА)

Реклама
Реклама

Повеќе од Кошарка

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com