Connect with us

Кошарка

Мајкл Бизли потпиша едногодишен договор со Лос Анџелес лејкерс

Кошаркарот Мајкл Бизли потпиша едногодишен договор со Лос Анџелес лејкерс, а во тимот доаѓа како слободен играч.

Бизли и претходно играше заедно со Леброн Џејмс во сезоната 2013/14 кога двајцата настапуваа во Мајами. Во овој период тие добро соработуваа и немаа поголеми проблеми.

Бизли пред да дојде во Лос Анџелес играше за Њујорк, каде на 74 натпревари просечно постигна по 13 поени.

Тој имаше можност да избира меѓу неколку клубови, од кои во потесниот круг останаа Лос Анџелес лејкерс и Оклахома Сити тандер.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Кошарка

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com