Connect with us

Фудбал

Македонец ќе треба да реши дали ВАР-от на „Бернабеу“ беше во право!

Четирикратниот поранешен европски првак Ајакс вечерва ја направи најголемата сензација во Лигата на шампионите, откако успеа да ја прекине ерата на најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид и со триумф со 4-1 да го елиминира „кралскиот клуб“ уште во четвртфиналето од ЛШ.

Холанѓаните го понижија „кралот“ и тоа во неговиот дом, но еден момент ќе остане долго да се дебатира, околу спорниот монет пред Душан Тадиќ да постигне прекрасен гол за 3-0 и практично да го убие мадридскиот великан. На погодокот во акцијата му претходеше аут, за кој три минути судијата Феликс Брих од Германија се консултираше со ВАР-собата за моментот. И на крај пресудија дека нема аут, па голот на Тадиќ беше регуларен.

Но, целокупната арбитража, па и тој „спорен момент“ сега ќе треба да го оцени поранешниот македонски судија Емил Божиновски, кој е претседател на судиската комисија во ФФМ, а на „Сантјаго Бернабеу“ беше во својство на контролор од УЕФА, делегиран токму за овој меч од централа во Нион. Божиновски сеќа ќе треба да реши дали ВАР-от бил во право и дали Феликс Брих исправно ја прифатил одлуката на помошта од видео-технологијата, но и да оцени дали помошникот Марк Борш добро видел дека топката со цел обем не ја мина аут-линијата.

Инаку видео-асистент арбитар на мечот беше Марко Фриц, сонародник на Брих.