Ракомет
Македонија денеска почнува со подготовките за осмиот мундијал
Македонската машка ракометна репрезентација предводена од селекторот Кирил Лазаров денеска ќе ги почне подготовките за претстојното Светско првенство (СП) во Полска и во Шведска (11-29 јануари в година). Првиот собир во Скопје е закажан во 11.30 часот.
Потоа ќе следуваат подготовки во Маврово и одигрување две пријателски средби со Црна Гора на 27 и на 28 декември, која, исто така, е дел од СП.
Во рамките на проверката и темпирањето на формата, црвено-жолтите ќе настапат и на турнирот „Кроација куп“ во Пореч (Хрватска), каде што Македонија ќе игра пријателски средби со соодветните репрезентации на Австрија и на Израел.