Ракомет
Македонија денеска против Јужна Кореја, последен меч на Светското првенство, кое веројатно ќе сакаме што побрзо да го заборавиме
Македонската ракометна репрезентација ќе се соочи со Јужна Кореја во натпревар за пласман на 27/28 место на Светското првенство во Полска/Шведска.
Средбата ќе се игра во Плоцк со почеток во 18 часот.
Денес на Мундијалот ќе се одиграат и натпреварите од четвртфиналето:
Данска – Унгарија (18:00 часот)
Норвешка – Шпанија (18:00)
Шведска – Египет (20:30).