Ракомет
Македонија едвај го победи Чиле и заврши на 15. место на СП
Македонската ракометна репрезентација го освои 15. место на Светското првенство во Германија и Данска. Избраниците на селекторот Раул Гозалез, за пласман на петнаесетата позиција славеа над селекцијата на Чиле со 32:30 (16:16).

„Црвено – жолтите“ како и на претходните натпревари влегоа немотиврани во овој натпревар и отпорот на јужноамериканците го урнаа во финишот од натпреварот. Интересно е тоа што и на овој натпревар селекторот Раул Гонзалез не им даде многу шанса на младите играчи кои првпат се на еден Мундијал, туку повторно голема минутажа добија оне поискусните.
Македонската репрезентација беше на петнаесетото место и пред две годни на Мундијалот во Франција. Колку и да звучи сурово, ваквиот расплет на настаните на овој шампионат говорат дека слабо се напредува и дека најверијатно во иднина треба да се промени стратегијата.
-Овие натпревари се најтешки за играње, не решава ништо, но подобро е да се заврши со победа. Многу млади играчи добија шанса и пак ќе повторам дека подобро е еден шампионат да се заврши со победа. Разликата од првенството во Франција и овој шампионат е нашта годишна старос. Сега по просекот на годините ние сме една од најмладите репрезентации на шампионатот. Не можам да кажам дека сум задоволен, ниту пак да кажам дека сум разочаран. Но мора да работиме, бидејќи имаме потенцијал кој треба да го видиме на наредните големи натпреварувања, изјави капитенот на репрезентацијата Кире Лазаров.
Токму Лазаров со девет гола беше наефикасен на мечот против Чиле, Манасков постигна седум, Стоилов пет гола. Кај Чилеанците најмногу голови постигнаа Ервин Фојчман, девет и Родриго Салинас седум погодоци.