Connect with us

Ракомет

Македонија ги доби противниците, група за пласман на Европско првенство!

Ракометната репрезентација на Македонија денеска во Копенхаген ги доби ривалите за квалификациите за пласман на ЕП 2026, кое по две години ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

Македонија ќе игра во Групата 1 заедно со Слованија, Литванија и Естонија.

Во квалификациите учествуваат 32 репрезентации, кои се поделени во осум групи по четири селекции.

Пласман на Европското ќе обезбедат првите две репрезентации од сите осум групи и четирите најдобро третопласирани селекции.

Квалификациите почнуваат на 4. октомври, а ќе траат до 11. мај 2025 година.

Advertisement