Ракомет
Македонија го совлада Израел, на ред е Мундијалот
Македонија славеше против Израел со 38:37 во рамките од Кроација Купот, последна проверка пред Мундијалот. Иако во поголемиот дел од мечот имавме поголемо водство, на крајот имаше драма, која сепак завеши во наша корист. Како на мечот против Хрватска, така и вечерва Дејан Манасков беше најдобриот ракометар кај нас со 11 голови од 11 обиди. Филип Кузмановски постигна шест, по четири имаа Гоце Георгиевски и Томислав Јагуриноски, Кизиќ запиша четири интервенции, сите во второто полувреме.