Ракомет
Македонија го совлада Луксембург со 14 голови разлика!
Сениорската машка репрезентација на Македонија со убедлива победа против репрезентацијата на Луксембург го започна квалификацискиот циклус за пласман на MEN’S EHF EURO 2024. Во салата “Борис Трајковски” Македонија славеше со 38:24.
Тројца македонски ракометари постигнаа по пет гола, Филип и Цветан Кузмановски и Мартин Серафимов. Кај Луксембург, Вејер, Хофман и Вердел постигнаа по четири.
Следен натпревар на сениорската репрезентација е против Турција вo недела (16.10.2022) во 16:00 часот.