Фудбал
Македонија има нов рекордер по бројот на постигнати голови
Бесар Ибраими, напаѓач на Шкендија е нов рекордер по бројот на постигнати голови во Македонската прва фудбалска лига. Попладнево тој на дуелот Шкендија – Шкупи постигна два гола, во 2.минута и 41.од пенал. По 70.минути игра резултатот на овој натпревар е 3:0 за Шкендија. Тој со тоа го постигна 166-тиот и 167-миот гол во неговата кариера во Првата фудбалска лига, со што изби на првото место по бројот на постигнати голови.
Досега рекордот го држеше Баже Илијоски со 166 постигнати голови. До овој учинок Бесарт Ибраими стигна како фудбалер на Влазерими, Напредок, Ренова и Шкендија.