Connect with us

Ракомет

Македонија ја наполни мрежата на Грција

Машката ракометна селекција на Македонија со победа против Грција го започна настапот на Медитерански Игри. Конечни 39:21 за Македонија.

Мартин Серафимов беше најефикасен со 7 погодоци, а шо пет постигнаа Костески и Атанасијевиќ.

Мора да се каже и тоа дека селекторот Кире Лазаров на Медитеранските игри понесе млади ракометари за кои ова е еден вид голем тест за сениорскиот состав.

Следниот меч Македонија го игра против Алжир утре од 18 часот.