Connect with us

Ракомет

Македонија ја прегази Јапонија во првиот натпревар на СП

Македонската ракометна репрезентација со победа го почна настапот на Светското првенство во Дансака и Германија. Избраниците на селекторот Раул Гонзалез, во првиот натпревар од Б – групата во Минхен славеа над Јапонија со 38:29

„Црвено – жолтите“ одиграа одличен натпревар, но ќе мора малку да поработат на одбраната, бидејќи примија 29 гола од репрезентација која беше аутсајдер во овој натпревар. Кога сме кај одбраната, нашиот голман Борко Ристовски беше на висина на задачата со 20 одбрани.

Кире Лазаров постигна осум гола и беше најдобар стрелец пред Манасков со седум погодоци. Кај Јапонија се истакнаа Ваканабе и Шида со по четири гола.

Македонија вториот натпревар на овој светски шампионат го игра в недела со почеток во 14 часот против селекцијата на Бахраин.

ФОТО: 24ракомет.мк