Connect with us

Фудбал

Македонија ја заврши 2017 со победа!

Македонија и Норвешка тргнаа мирно во мечот, а за првата шанса се чекаше дури 12. минути, кога се закани Алиоски.

Во 19. минута Норвежаните ја имаа најзрелата шанса за гол, преку „чудото од дете“ Мартин Едегард, кој се најде во позиција во шеснаесетникот на Димитриевски, но биеше само во стативата.

По пропуштените шанси на гостинот, следеше казната. Пред крајот на првиот дел Македонија успеа да го отвори резултатот по една фантастична акција на Пандев и Алиоски. Фудбалерот на Лидс Јунајтед доби топка од Барди, а потоа перфектно го проигра Пандев, кој заврши со стил и го даде 31. гол во државниот дрес.

Со еден гол предност Македонија замина на паузата (1-0), пред финишот на мечот, точка на победата стави Кире Маркоски, со погодок во 94. минута, откако Норвежаните направија кикс во одбраната, а напаѓачот на Работнички погоди на празен гол.