Connect with us

Ракомет

Македонија лошо помина со Данска, а ниту Хрватска немаше сили против нив

Доколку продолжи вака да игра, селекцијата на Данска, која е актуелен светски првак, веројатно ќе ја освои и европската круна. Данците газат се пред себе, а познато е како Македонија во групната фаза загуби со 11 голови разлика. Во вториот дел од ЕП, во онаа новоформирана група, Данска го совлада Исланд, а вечерва немоќна проитв нив беше и силната Хрватска. Данците славеа со 27:25 и имаат максимални пет победи во досегашниот тек од ЕП.

И во оваа група Данска е прва со шест, следува Франција со 4, која загуби од Исланд со 29:21 и сега и тие имаат исто така 4 бодови. Следуваат Холандија и Црна Гора со по 2 и Хрватска без бодови.

Резултати ЕП ракомет, сабота:

Црна Гора – Холандија 30:34

Франција – Исланд 21:29

Данска – Хрватска 27:25

Недела:

Полска – Русија (15:30ч)

Германија – Шведска (18:30ч)

Шпанија – Норвешка (20:30ч)