Ракомет
Македонија на 20. јануари ќе го игра првиот натпревар од втората фаза
Македонската ракометна репрезентација на 20.ти јануари ќе го игра првиот натпревар од втората фаза на светското ракометно првенство, откако попладнево славеше над Чиле.
Во новоформираната група нема да пренесеме бодови, но во истата силите ќе ги одмериме со Русија, Словенија и Белорусија. Токму немањето бодови е една од најлошите моменти за нас како репрезентација во оваа втора фаза.
Македонија ќе го игра првиот натпревар на 20 јануари во првото коло од втората фаза, по што следат уште два натпревари на 22 и 24 јануари, но дополнително ќе биде одреден распоредот со кои селекции во кој дел ќе играме.
Освен Македонија, од нашата група пласман понатаму изборија Шведска и Египет.