Connect with us

Ракомет

Македонија на минус 7 по прво полувреме против Норвешка, срце сака, ама…

Македонија губи со 7 голови разлика по првото полувреме против Норвешка, која е фаворит вo групата, но и воопшто на Мундијалот за медал. Дваесетина минути се држеа избраниците на Кире Лазаров, дури во еден момент беше 9:9, но потоа следуваше период на лоша игра на нашите со многу грешки, во кој Норвешка посгигна девет голови, а нашата селекција само два за 18:11 на полувремето. Најдобри поединци во нашиот тим по првото полувреме се  Митревски 6 одбрани и Манасков со 4 постигнати голови.