Ракомет
Македонија остана со едно лево крило, Димитриоски отпадна од списокот за СП!
Младиот ракометар Димитар Димитриоски нема да патува на Светското првенство, откако несреќно се повреди на последниот тренинг во Скопје, па на негово место е повикан Милан Лазаревски.
Тоа значи дека дека нашата селекција и дефинитивно останува само со едно лево крило, односно Дејан Манасков, па целиот товар ќе биде префрлен на неговиот грб.
Освен Димитриоски на конечниот список на селекторот Раул Гонзалес нема место ниту за младиот Мартин Томовски бидејќи беа повикани Борко Ристовски, Златко Даскалоски и Никола Митревски.
Македонската делегација патува за Минхен утре, преку Загреб, а првиот натпревар го игра со Јапонија, во петок од 15.30 часот.