Connect with us

Ракомет

Македонија победи со 15 голови разлика, постигна 40 голови!

Македонската ракометна репрезентација го совлада Мароко во последниот меч од т.н Президент куп со 40:25. Со оглед на тоа дека Тунис го совлада Алжир, нашата селекција го освои второто место во групата. Тоа значи дека во среда против Јужна Кореја играме за 27 место.

Играч на мечот беше прогласен голманот Томовски кој имаше неколку добри интервенции, а вкупно запиша 13 . Најдобар стрелец во напшиот тим беше Кузмановски со 8 погодоци, Атанасијевиќ имаше 7, а шо шест постигнаа Костески и Серафимов.