Ракомет
Македонија поразена од европскиот шампион!
Македонската женска ракометна репрезентација е поразена од европскиот првак Норвешка со убедливи 24:18. По овој меч во ЕХВ Еврокупот, нашата селекција нема ниту една победа од пет одиграни мечеви, по поразнте претходно од Словенија и Црна Гора. Најефикасни во вечерашниот меч беа Јована Саздовска со шест погодоци, Моника Јанеска четири гола, додека голманката Мицевска имаше 12 интервенции.
Нашата женска репрезентација ја очекува уште еден натпревар со Норвешка, овојпат на гостински терен.