Connect with us

Ракомет

Македонија поразена со 12 голови разлика, иако е Норвешка, сепак многу е…

Македонија загуби на првиот меч на СП со 39:27. Дури 12 голови разлика пораз од фаворитот во групата, но и воопшто на Мундијалот. Велиме 12 разлика е многу иако е Норвешка, бидејќи нашите ракометари направија многу грешки во нападот пред се, па од таму е и високиот пораз. Успеавме да се држиме неколку воведни минути кога во еден момент беше 9:9, но потоа следуваа грешките, но и сигурната и искусна игра на Норвешка, која од минута во минута ја зголемуваше предноста. Со 7 дебитанти во тимот на големо натпреварување, без играч кој ќе направи разлика, останува впечатокот дека толку се можеше, иако секогаш може подобро. Најефикасен во нашиот тим беше Талески со 7 погодоци, 5 имаше Манасков, а 4  Кузмановски. Следниот меч Македонија го игра в недела против Холандија.