Connect with us

Кошарка

Македонија претрпе тежок пораз од Унгарија на Европското првенство во Софија

Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија претпре тежок пораз од Унгарија на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, во Софија.

Македонските кошаркари беа совладани со 34:57 и ја пропуштија шансата да се борат за деветтото место. Тие сега за 11-то место ќе играат со поразениот од натпреварот меѓу Белорусија и Португалија.

Македонија само во првата четвртина пружи отпор и беше рамноправен противник, па затоа ја заврши со израмнет резултат 13:13. Во останатиот дел од натпреварот унгарските кошаркари имаа постојана контрола над теренот и резултатот, а нивното водство постојано растеше.

Најефикасен во македонскиот тим беше Виктор Ефремовски со 11, а Ранко Мамузиќ постигна 10 поени.

Претходно Македонија ги совлада Азербејџан, Белорусија и Албанија, а претпре порази од Летонија и Белгија.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Кошарка

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com