Connect with us

Ракомет

Македонија пропушти победа, Исланд се спаси во финишот

Македонија беше на чекор до нов триумф против Исланд, но противникот со гол на три секунди пред крајот се спаси од пораз, натпреварот заврши нерешено 24:24.

Македонија и Исланд одиграа еден израмнет натпревар, и двете селекции се менуваа во водство, па ремито се чини е најреален резултат на случувањата на теренот.

Бевме многу блиску до уште една победа, имавме напад во последната минута за два гола предност, но ударот на Кире Лазаров го одбрани исландскиот голман, а во својот напад тие реализираа на три секунди до крајот и се спасија од пораз.

Исланд почна мотивирано и имаше почетна предност, Македонија успеа да го сврти натпреварот и прв пат поведовме со 8:7, но потоа повторно имавме потешкотии да постигнеме гол. На полувремето се замина со водство на Исланѓаните од 11:10.

Првиот дел од второто полувреме повторно беше во снакот на Исланд, тие дојдоа и до највисоки три гола разлика 18:15, но успеавме да се вратиме. Македонија бодрена од гледалиштетот го сврте мечот и беше многу блиску до победа. На семфорот беше 24:23 и нашата репрезентација имаше напад, изминуваше последната минута. Кире Лазаров не успеа да реализира, а во својот напад Исланд успеа да даде гол и да изедначи на 24:24. Останаа уште три секунди од натпреварот, Филип Кузмановски се обиде од далечина, но не успеа.

Кире Лазаров со осум гола беше најефикасен во нашиот состав, Манасков постигна четири колку што даде и Талески. Кај Исланд овој пат го сопревме Палмарсон, но се истакна Магнусон со осум гола.

Извор: МКД.мк

Реклама
Реклама

Повеќе од Ракомет

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com