Ракомет
Македонија против Грција со две нови имиња во ресорот
Нашата селекција по двете победи над Исланд и Литванија веќе го обезбеди настапот во следната фаза, а во пресрет на денешниот натпревар селекторот Симе Симовски се реши да направи една измена во составот.
Наместо првиот голмански избор Матеја Серафимова во тимот што ќе се спротивстави на Грција е Драгана Петковска, а во составот се враќа и Милица Николиќ која ќе го заземе местото на Ивана Гакидова.
Македонската женска ракометна репрезентација попладнево од 17 часот против Грција ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за влез во баражот за пласман на Светското првенство.