Connect with us

Ракомет

Македонија против Хрватска и Израел без Митревски, Талески и Кузмановски!

Македонската ракометна репрезентација ги врши последните подготовки за учеството на СП кое ќе се игра во Полска и Шведска. Нашите ракометари се во група со Норвешка, Холандија и Аргентина, а првиот меч го играме против Норвежаните на 13-ти јануари.

До тогаш, остануваат подготовките во Пореч, поточно на „Кроација купот“, каде Македонија ќе ги одмери силите со селекциите на Хрватска и Израел. За овие дуели селекторот Кире Лазаров не може да смета на тројца стандардни играчи, голманот Никола Митревски, кој доби поштеда, потоа Кузмановски, поради повреда, а ќе го нема и Кузмановски.

Првиот меч на „Кроација купот“ го играме против Хрватска утре вечер, додека следниот ден силите ќе се одмерат со Израел.