Connect with us

Ракомет

Македонија против Кувајт успешно ги започна подготовките за ЕП

Македонските ракометари вечерва со победа над Кувајт (31-21), одлично ги започнаа подготовките за ЕП 2022, кое ќе стартува на 13 јануари.

Во првото повеќето време се играше гол за гол, нависоката позитивна разлика за Македонија беше +2, а исто толкава разлика постигна и Кувајт, но сепак на пауза се замина со со 14-13, минимална предност за нашата репрезентација.

Второто полувреме Македонија покажа далеку подобра игра и вистинска доминација на теренот, а стигнаа до серија 8-0, а Кувајт првиот гол го постигна дури во 43. минута и тоа од пенал. Во 51. минута Македонија стигна до првото двоцифрено водство 26-16, а конечниот резултат гласеше 31-21.

Прв стрелец беше Мартин Серафимов со седум гола беше, потоа следуваа Филип Талески со пет погодоци, а по четири додадоа левите крила, Гоце Ојлески и Бојан Маџовски, а Томовски имаше шест одбрани.

 

Реклама

Facebook

Реклама