Ракомет
Македонија против Украина во баражот за Светското првенство
Попладнево во Љубљана, се одржа жрепка за баражите за пласман на Светското првенство 2023 во ракомет во женска конкуренција, чии домаќини се Данска, Норвешка и Шведска.
Македонската репрезентација ќе игра бараж против селекцијата на Украина и може да се каже дека ова е противник по мерка со оглед на останатите селекции кои беа можни противници.
Првиот бараж меч ќе се игра во април следната година, на 7 или 8 во Скопје, а реваншот една недела подоцна.
