Connect with us

SPORTM.mk

Македонија се престави во најдобро светло на Светското првенство, но загуби од Португалија

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија вечерва е поразена од Португалија во осминафеиналето на Светското првенство (СП) кое се игра во нашата земја и иако играше машки, доживеа пораз од 29-25.

Нашите момчиња одиграа одличен натпревар, машки се бореа до самиот финиш за позитивен резултат против селекцијата која имаше пет победи на пет меча во групната фаза. Но во финишот како да загубија здив, подолгата ротација на противникот го направи своето, па ќе следи разигрување за пласман на светскиот ракометен собир. Противникот на Македонија во мечевите за пласман допрва ќе биде познат.

За жал, кога беше најпотребно, не се реализираше. Португалија го искористи тоа, на пет минути до крајот поведе со 26-24, иако Македонија цело време се доближуваше, сепак, во клучните минути реализацијата затаи, па Португалија остана перфектна и со шестата победа во шестиот меч продолжи меѓу најдобрите осум на Мундијалот.

Најдобар стрелец кај Македонија беше Мартин Серафимов со девет гола, а го следеше Младеновиќ со седум гола. Одлична партија имаше голманот Кизиќ, кој имаше двоцифрен број на интервенции. Кај Португалија, Мораеш даде шест, а Рибеиро заврши со пет гола.

Во четвртфиналето Португалците ќе играат со селекцијата на Франција, додека Македонија ја чека разигрување за пласман.

Фото: 24 Ракомет

Извор: Нетпрес