Connect with us

Други спортови

Македонија со четворица спортисти на зимските младински игри во Гангвон

По двајца македонски учесници во машка и женска конкуренција ќе настапат на 4. Зимски младински олимписки игри чиј домаќин оваа година е јужнокорејскиот град Гангвон.

Експедицијата, предводена од спортскиот директор на Македонскиот олимписки комитет Владимир Богоевски вчера замина за Гангвон каде ќе настапи во две дисциплини.

Македонските бои ќе ги бранат Давид Торевски и Матеа Трајковска во крос кантри, како и биатлонците Андријана Кајевска и Матеа Трајковска.

Зимските младински олимписки игри „Гангвод 2024“ свечено ќе бидат отворени в петок, а борбите за медали ќе бидат на програмата до 1 февруари.

Македонското знаме на отворањето ќе го носат Кајевска и Торевски.